Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Проблемот со водоводната линија на потегот од ЕВН до Пожарната ќе се решава со промена на целата водоводна инсталација, проектот во финална фаза

Охрид, 14. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Преку проект за промена на цела водоводна линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната, ќе се решава овој долгогодишен проблем.

Од ЈП „Водовод“ Охрид за Супер радио и OhridPress информираат дека тоа им е во приоритет и во финална фаза е проектот за да се промени водоводната линија на овој потег, да се променат азбестните цевки, како би се надминале проблемите со кои многу често се соочуваат жителите од овој дел на градот.

Од претпријатието додаваат дека работат на тоа да го стабилизираат намалениот притисокот на водата.

Старата и дотраена инсталација години наназад прави проблеми и ги остава без вода граѓаните и правните субјекти што гравитираат околу Пожарната и ЕВН.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Последен дефект се случи пред Велигден, кога прво пукна цевка кај ЕВН, па кај Пожарната. Состојбата се среди, но само по неколку дена настана истиот дефект, што повторно беше саниран. Ископот од зафатот пред Пожарната остана и го чека најавениот проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука