Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на Долно Татеши заработи пријава поради вршење такси превоз без документација

Струга, 14. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.К. од селото Долно Татеши, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

– На 21-ви јануари 2022 година, на улицата „Пролетерски бригади“, при извршена контрола на патничко возило марка „Мерцедес“ со натпис „Такси“, управувано од пријавениот, било констатирано дека возилото го управува без соодветната потребна документација за вршење јавен превоз, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука