Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Родители на деца од 9-то одделение при ОУ „Григор Прличев“ обвинуваат дека училиштето се оградило од организирање на полуматурска прослава

Охрид, 16. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Преку допис до редакцијата на OhridPress, „група родители на ученици од 9-ти одделение при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид информираат дека училиштето се оградило од организирање на полуматурска прослава.

– После две години пандемија кога децата не можеа ни на училиште да одат, сега училиштето се оградува. Која дрскост, која непромисленост, која арогантност… Па за што Вие работите госпоѓо? За да бидете на таа позиција на која што сте треба пред се’ да си ја сакате својата работа и децата. Жално е како училиште во кое учениците Ви носат безброј награди и го промовираат училиштето, Вие од истите да се оградите, стои во дописот во кој се обраќаат до директорката на училиштето Лилјана Ефтимовска.

Од училиштето за OhridPress велат дека недоразбирањето настанало затоа што како институција се’ уште работат по старите протоколи и немаат добиено писмени насоки за делување од страна на надлежните институции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука