Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Градежниот факултет од Скопје

Охрид, 16. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и деканот на Градежниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје проф. д-р Златко Србиноски, денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка.

Според потпишаното, двете страни се обврзаа на развој на стратешки документи, студии, анализи и трансфер на знаење од областа на градежништвото, хидротехниката, геодезија и геотехничкото инженерство.

– Предвидена е соработка во реализација на заеднички проекти од различни сфери на интерес на двете страни и нивно аплицирање пред домашни, европски и други фондови за финансирање на проекти, организирање и реализација на практична настава и овозможување на кариерно унапредување за студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Градежен факултет, стипендирање на студенти од прв и втор циклус на студии чие поле на интерес е во делокругот на работа на втората страна потписничка, соработка при дефинирање на теми за дипломски, магистерски и докторски трудови во рамките на образовниот процес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Градежен факултет, а кои се во интерес на потписниците, како и различни облици на научна, истражувачка и техничка помош. Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти. Организирање на тркалезни маси и размена на искуства, информираат од охридската локална самоуправа.

Според потпишаниот Меморандум , активностите и соработката не предизвикуваат никакви финансиски импликации и ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука