Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нов успех на охридските гимназијалци, овојпат на Државниот натпревар по биологија

Охрид, 16. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ постигнаа одлични резултати на Државниот натпревар по биологија, кој се одржа во саботата, на 14-ти мај 2022 година.

– Маја Буџакоска и Митко Савев, ученици од прва година под менторство на проф. Марија Питошеска ја освоија II награда, Сара Петкоска, Софија Милевска, Димитар Ѓуроски, Калина Стојаноска, Марија Зороска, Симона Упарческа, Ана Маслова – III награда, додека Јана Џамтоска доби пофалница, информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Додаваат дека Марко Дуданов и Никола Кречов, ученици од трета година под менторство на проф. Славица Кичеец ја освоија II награда, Евгенија Цветаноска – III награда, а Миа Спироска доби пофалница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука