COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

176 нови случаи на Covid-19, 4 новозаболени и 10 оздравени лица од Охрид

Скопје, 16. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 13-ти до 15-ти мај 2022 година) направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 106
• Битола 26
• Прилеп 7
• Штип и Ресен по 5
• Куманово, Кавадарци и Охрид по 4
• Гостивар и Кочани по 3
• Кичево и Берово по 2
• Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар по 1

Од вкупниот број на позитивни (176), регистрирани се 31 реинфекции.

Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од:

• Скопје 111
• Битола 70
• Прилеп 16
• Охрид 10
• Кавадарци и Гостивар по 8
• Куманово 7
• Велес и Штип по 6
• Кичево, Тетово и Струмица по 5
• Ресен и Неготино по 4
• Гевгелија 3
• Виница 2
• Кочани, Струга, Делчево, Богданци и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука