Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МПЦ инвестира во обновливи извори на енергија, основаше нова фирма во охридско Долно Лакочереј

Охрид, 16. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во исто време додека се крои автокефалноста на МПЦ, Црквата дома крои планови за проширување на своите бизниси со електрична енергија, јави Тв Телма.

Според податоците од Централен регистрр, пред 4 дена на 12 мај, МПЦ основаше нова фирма во партнерство со уште едно лице, чија дејност е производство на електрична енергија.

Седиштето е во охридското Долно Лакочереј каде, МПЦ планира во долината на ова село да постави соларни панели за фотонапонска централа. Портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј не одговорил на телефонските повици и пораки на Телма, а претходно за порталот Фактор потврди дека МПЦ го проширува бизнисот со електрична енергија, но нема повеќе детали околу оваа инвестиција и моќноста на фотонапонската централа.

– Не е забрането, ниту е чудно што МПЦ-ОА сака да инвестира, а во проектот има и други партнери. За тоа колкаво ќе биде производството на електрична енергија, зависи од тоа колкави средства можеме да издвоиме, рече владиката Тимотеј за Фактор.

МПЦ во бизнисот со струја се вклучи пред 2 години кога во партнерство со уште неколку физички и правни лица, основаше компанија друштво за производство на електрична енергија ХЕЦ „Драгов дол“ Кичево.

Во изминатиот период МПЦ ја следеа повеќе скандали и афери поврзани со хотелски, градежни и други бизниси. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука