Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 25. степени

Охрид, 17. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална блачност. Кон крајот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.

– Денес ќе се задржи топло, а кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Од утре до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 6 степени во однос на денешните, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука