Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Брачен пар од Охрид освои Супер Милионер Џекпот вреден над 10 милиони денари

Охрид, 17. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Најновата возбуда од сигналот кој означува добивка се почувствува во Охрид. Супер Милионер Џекпот вреден 10.764.621,00 израдува брачен пар кои заедно биле во потрага по забава.

Бракот е и во добро и во лошо, а никој нема против со брачниот партнер да биде „соучесник“ во добивање на најомилениот џекпот во Македонија – Супер Милионер. Таква е судбината на нашите најнови добитници, сопружници од Охрид, кои во понеделникот, на 15-ти мај, освоија 10.764.261 денар.

Сопругот често играл, а и често добивал. Овојпат ја вклучил и сопругата во забавното понеделничко попладне. Заедно отишле да уплатат спортска, но требало да почекаат, па предложиле за поинтересно да им помине времето, да одиграат некој круг на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија во објект на Моцарт, во Охрид.

Почнале со 500 денари, па имале добивка, која ја искористиле за да ја продолжат забавата. Очигледно го направиле вистинскиот потег, бидејќи набргу стигнал сигналот за Супер Милионер Џекпот. Играта која се покажала среќна е „40 burning hot“.

– Од парите сакам да си купиме нов автомобил и да одиме на убав одмор. Остатокот од добивката ќе го испланираме, заедно ќе решиме како да ги потрошиме парите, изјави сопругата.

Нивното лето сигурно ќе биде поубаво од што замислувале и очекувале, а со нивната среќна приказна уште посодржајна е колекцијата добитници на Супер Милионер Џекпот. Тие се носители на осмиот џекпот во 2022 година и вкупно 25-ти од постоењето на оваа добивка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука