Волсбург,31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на германските медиуми германскиот репрезентативец Андре Шурле се враќа во Волфсбург .„Волците“ за неговиот трансфер на Челзи му платиле 30 милиони евра.
Претходно Шурле во бундеслигата играше за Мајнц и за Баер Леверкузен, од каде во 2013 година премина во Челзи за 21 милион евра.
За „сините“ од Стенфорд Бриџ, Шурле одигра 57 меча и постигна 14 голови,но на повеќето натпревари беше резервен играч кај Жозе Мурињо.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 25