Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во недела концерт на џез бендот Next to Silence на Музејот на вода кај „Градиште“

Охрид, 19. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – НУ Завод и Музеј – Охрид склучи договор за соработка со Центарот за истражување на праисторијата (ЦИП) од Скопје, со цел афирмација и популаризација на праисториското културно наследство од Охридскиот регион.

– Првата активност во рамките на оваа соработка е одржување на концерт на џез бендот Next to Silence, кој ќе се одржи на реконструираната наколна населба во рамки на Музејот на вода кај „Градиште“, со што ќе започнат активностите за популаризација на овој исклучително значаен локалитет од праисториските времиња, информираат од Завод и Музеј Охрид.

Концертот ќе се одржи во недела, на 22-ри мај 2022 година, со почеток во 13:00 часот. Сите посетители кои купиле влезница за посета во Музејот на вода ќе може да уживаат во џез звуците на бендот Next to Silence без дополнителна доплата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука