Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридски „Водовод“ со апел водата за пиење да не се користи за наводнување

Охрид, 19. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – ЈП Водовод Охрид апелира до граѓаните да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади.

Ова доаѓа по реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење во село Лакочереј, што не е последица од настанат дефект на водоводната мрежа или други активности на терен,

– ЈП „Водовод“ Охрид испраќа апел до сите корисници, посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади. Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП „Водовод“ спроведува акции за исклучување на диви приклучоци, соопштија од претпријатието.

Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрената прекршочна постапка за сторено кривично дело.

Од претпријатието додаваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во градот и околината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука