Охридските пожарникари се подготвуваат за одбележување на Денот на пожарникарите (Фото)
Охрид, 19. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридските пожарникари се подготвуваат за утрешното одбележување на Денот на пожарникарите и пожарникарството во Македонија.
Свеченоста е од 11:00 часот, а предвидено е дефиле на противпожарни возила, презентација на противпожарната опрема и показна вежба.
OhridPress сними пошироко интервју со првиот човек на Територијалната противпожарна единица, во кое тој посочува на проблемите со кои се соочуваат. Меѓу другото, тој ги наведе техничката опременост, староста на возилата, недоволниот број вработени за територијата што ја покриваат и потенцира дека и натаму најболна точка во градот и натаму е хидрантската мрежа.
Повеќе ќе прочитате во интервјуто што ќе биде објавено утре. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |