COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

76 нови случаи на Covid-19, 2 новозаболени, едно починато и 5 оздравени лица од Охрид

Скопје, 19. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 56
• Битола 10
• Кавадарци 3
• Охрид и Кичево по 2
• Куманово, Гевгелија и Ресен по 1

Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистрирани се 73 оздравени пациенти од:

• Скопје 40
• Битола и Охрид по 5
• Кавадарци 4
• Прилеп и Штип по 3
• Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2
• Куманово, Струмица и Струга по 1

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80 години), Охрид (82 години) и Куманово (75 години). Сите лица се починати во болнички услови. Лицата се пoчинати во периодот од 17-ти април до 17-ти мај 2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а бројот на активни случаи изнесува 542.  (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука