Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Дејанчо Трајанов- Чеде во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 31. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пица мајсторот од светски калибар Дејанчо Трајанов- Чеде е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Музичкиот избор на Трајанов- Чеде, во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Laura non c’è на Nek, Thunderstruck на AC/DC и Livin` On A Prayer на Bon Jovi.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Трајанов- Чеде падна на „Пушти коси“ на Зијан. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука