Избор Култура

Фотографија на охриѓанецот Дарко Бошнакоски наградена на Pixoto

Охрид, 3. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – На глобалната мрежа за фотографска уметност pixoto.com, фотографија на охридскиот фотограф Дарко Бошнакоски, ја освои наградата во категоријата Фото на денот.

Фотографијата прикажува зајдисонце погледнато преку порта на стара градба во Албанија. Жири коимисијата од мрежата за фотографии, ја оценила оваа фотографија со златна ѕвезда според критериумите кои ги поставува.

На мрежата која поддржува уметничка фотографија, во изминатите години, биле наградени фотографии и на други охридски фотографи.

Фотографијата може да се погледне на официјалната страница на pixoto.com. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука