Избор Култура

Во петок започнува фолклорниот фестивал „Охридски бранови“

Охрид, 3. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 5-ти -ти јуни во Охрид ќе започне Фолклорниот фестивал „Охридски бранови“ (Ohrid waves).

Фестивалот ќе трае до 8-ми јуни.

Фестивалот е членка на Асоцијацијата на фолклорни фестивали, која обединува повеќе од 50-на светски фестивали на фолк музика, традиција и традиционална облека. Фестивалот важи за еден од најмасовните по бројот на учесници.

Во изминатите години се одржуваше на Градскиот плоштад во Охрид. Минатата година се одржа на реновираната летна сцена кај Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука