Македонија

Орав: Интересите на граѓаните пред интересите на политичарите

Скопје, 3. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Интересите на државата и граѓаните да се стават пред интересите на партијата, е главната порака на странските амбасадори во Македонија до премиерот Груевски.

По средбата во Владата меѓу сите 17 амбасадори од земјите членки на Европската Унија и премиерот Груевски, амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав изјави дека средбата е планирана оддамна и дека темата на разговорите била излез од длабоката политичка криза.

-Слушнавме од премиерот како ќе се справи со клучните прашања и враќање на довербата во институциите, изјави Орав веднаш по средбата. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука