Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Основците од ОУ „Григор Прличев“ се запознаа со тајните на едрењето

Охрид, 2. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Едриличари од школата за едрење Aquatica Yachting од Охрид беа во посета на ОУ „Григор Прличев“.

Професорката Елена Аслимоска со едриличари и една мала едрилица ги запозна учениците со едриличарството како спорт и со можноста за запишување во школата за едрење.

– Децата научија што е едро, јарбол, бум, шкота, крма, кобилица, зошто едрењето е еколошки спорт и како можеме со едрилица да се движиме толку брзо, а само на ветар, велат од училиштето.

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат, внатре и текст кој вели „007 ATL ATLANTIS“

Овој настан е дел од активностите што Едриличарската федерација на Република Македонија, ги организира по повод Денот на езерото, 21-ви јуни, а во насока на подигнување на свесноста и важноста на едрилиците како еколошки пловни објекти во функција на заштита на Охридското Езеро.

Можно е да е слика од 7 луѓе и луѓе што стојат

На 21-ви јуни ќе се одржи флотила насловена како „Запознај го едрењето, заштити го езерото“, која ќе има за цел, колку што е можно повеќе охриѓани да ја почувствуваат магијата на едрењето. Предвидени се тури на потегот од пристаниште до Канео, „Куба Либре“ и назад. Еден ден претходно, на 20-ти јуни 2022 година, ќе се одржи тркалезна маса на тема „Важноста на еколошките пловни објекти зо заштитата на езерото“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука