Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Митко Стрезовски во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 6. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пожарникарот Митко Стрезовски е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Музичкиот избор на Стрезовски во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Feel на Robbie Williams, Rebel Yell на Billy Idol и Tango To Evora на Loreena McKennitt.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Стрезовски падна на „Никогаш доста“ на Ѓоко Танески. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука