Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Зураб Тсинтсадзе и Хазеин Рустамов нови играчи на ГРК Охрид

Охрид, 6. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Голманот Зураб Тсинтсадзе и левото крило Хазеин Рустамов потпишаа две годишен договор со ГРК Охрид.

Двајцата репрезентативци на Грузија со над 20 настапи за сениорскиот тим, доаѓаат по одличните настапи за РК Прилеп во домашното првенство.

Досега, ракометарите Крсте Андоновски и Иван Тасески ја продолжија ерноста кон ГРК Охрид, а во тимот остануваат и десното крило Наум Костов, како и пикерот Кристијан Димитриески. Тригодишен договорт потпиша левиот бек Тоше Ончев, кој дојде од Тримо Требње (Словенија), левиот бек Даниел Андоновски повторно ќе го носи сино-белиот дрес, а професионални договори потпишаа и Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Владимир Наумоски, тројца таленти од младинските категории. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука