Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Дигитални решенија за туризмот утре ќе бидат презентирани во Охрид

Охрид, 6. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Дигитални решенија за туризам утре, 7-ми јуни, ќе бидат презентирани во Охрид, во организација на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

На настанот ќе бидат презентирани дигитални производи и услуги во сегментот на е-резервации, е-плаќања, е-продавници, дигитално мени, дигитална рецепција, веб страници, дигитален маркетинг и промоција, управување со човечки ресурси, финансии и слично.

Презентацијата ќе се одржи од 11:00 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука