Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Златко Пуцоски во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 8. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Професорот по физичко и здравствено образование, професионален тренер по атлетика Златко Пуцоски е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Музичкиот избор на Пуцоски во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Beautiful Day на U2, A Sky Full Of Stars на Coldplay и Be The One на Dua Lipa.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Пуцоски падна на „За нас“ на Брејк. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука