Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Наскоро „Магаро 2022 планински фестивал“

Охрид, 8. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“, на 18-ти и 19-ти јуни, по трет пат ќе се одржи „Магаро планинскиот фестивал“, незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.

– Авантурата започнува во сабота на 18-ти јуни 2022 година, со велосипедска тура и логорување во месноста „Корита“. Главниот настан, искачување до врвот „Магаро“ ќе биде во недела, на 19-ти јуни, од 08:00 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста „Липова Ливада“, на 1.600 мнв. Патеката е во должина од 9км и со времетраење од 5 часа во двата правци. После завршувањето ќе се организира забава на една од охридските плажи, информираат организаторите.

May be an image of 3 people, outdoors and text that says '18 June Saturday Biking tour around the lake June Sunday Hikig tour Magaro untain Madnes 19 June Sunday Beach Party OHRID GALICICA- OHRIDSKO EZERO Galicica, a mountain situated between the two biggest lakesi reublic:Lak Ohrid Lake The floral life he Galicica species, which many celcan enden Beautiful views across the lakes neigh mountains can seen rm Galicica peaks. Zanko zs Golaboski f MiskoTaneski Taneski zankozs@yahoo.com @yahoo.com miskotaneski@yahoo.com yahoo.com +389 75 607 +389 70 771 193'

Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Република Македонија, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини.

– Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро. За време на акцијата за сите учесници влезот во НП „Галичица“ ќе биде слободен. Испочитувани се сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност, потенцираат од „Mountain Madness“.

Сите заинтересирани, дополнителни информации можат да добијат на телефоните: 070/771-193 (Танески Мишко) и 075/607-608 (Голабоски Жанко). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука