Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Заврши учебната година, учениците од денеска на заслужен летен распуст

Охрид, 9. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – За над 255 илјади основци и средношколци денеска е последниот училиштен ден во учебната 2021/2022 година.

Околу 255 илјади ученици заминуваат на летен распуст. Учениците среќни, што следуваат три безгрижни месеци без учење, тестови и домашни задачи. За нив, следува период за дружење и летниот одмор.

Учебната година заврши во редовниот термин, иако почетокот на второто полугодие беше одложен за десетина дена, поради влошената состојба со коронавирусот. Учениците во април загубија и 12 дена од наставата, поради штрајкот на Синдикатот за образование наука и култура. По две години затвореност поради ковид пандемијата, училиштата лани за прв пат беа отворени навреме, во септември. Се применуваа здравствени протоколи, а учениците до пред два месеца наставата ја следеа со заштитни маски.

Родители на деца од 9-то одделение во ОУ „Григор Прличев“ обвинуваат дека училиштето се оградило од организирање на полуматурска прослава

За учебната 2022/2023 година во охридските основни училишта се запишани вкупно 510 првачиња, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа. Најмногу, 132, има во ОУ „Григор Прличев“, па следува „Христо Узунов“ со 113 првачиња. Во „Братство Единство“ се запишани 79, во „Св. Климент Охридски“ 66, во „Кочо Рацин“ 48, па следуваат „Ванчо Николески“ во Лескоец со 31, „Живко Чинго“ во Велгошти со 24 и „Св. Наум Охридски“ во Пештани со запишани 17 првачиња. Бројката на запишани ученици кои од септември за првпат ќе седнат во школските клупи е во рамки на очекувањата. Колку за споредба минатата учебна година во прво одделение беа запишани 504 ученици.

Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ го објавија распоредот за полагање државна матура за 13-ти јуни 2022 година

Идните средношколци размислуваат за запишување во некое од средните училишта. Од утре до 15-ти јуни ќе трае електронското аплицирање. Новата дигитална услуга, според Министерството за образование и наука, би требало да заштеди на време, но и да ги спречи турканиците пред училиштата. Ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 16-ти месецов. Во понеделник, пак речиси 16 илјади матуранти ги очекува полагањето на вториот дел од државната матура, математика, странски јазик или филозофија или естетика. (Крај)

извор: ОхридПрес/МРТ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука