ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Паскали: Нуркање пред дождот, на пристанишче (Видео)

Охрид, 10. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охридското пристаниште не е дозволено нуркање, капење и рекреација заради безбедност, тоа е место каде пристануваат бродовите и другите пловни објекти, порачува охридскиот нуркач Никола Паскали од Нуркачкиот центар „Акватек“, кој сподели ново видео со подводните убавини на Охридското Езеро.

– Ние нуркачите заради подводни работи кои ги извршуваме во самото пристаниште ја имаме привилегијата да ги почувствуваме подводните убавини низ старите колци. Пристаништето е изградено 1938 година. Треба да се третира како културно наследство. Потребни се истражувања да се види техниката на градење, како еволуирало до денешниот изглед, дали во минатото секогаш тука имало пристаниште со таква форма и како тоа изгледало. Вака го гледам Пристаниште секогаш кога ќе одам. Што може да биде, културно историски споменик кој ја задржал својата функција до ден денес. Уживајте во видеото, шпраќа Паскали.

извор: ОхридПрес фото/видео: Никола Паскали

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука