
СДСМ Охрид: Криминалното владеење на ДПМНЕ беше синоним на едно време на режим, диктатура и безредие
Охрид, 12. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Се наоѓаме пред партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, пред еден од објектите кој во своите ѕидови крие криминал докажан во пресуда „Талир 2“ и представува еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата и пошироко, стои во дописот до медиумите, потпишан од претседателската на ОО на СДСМ од Охрид Кристина Крлеска- Деспотоска.
– Имено, Врз основа на факти и докази, со судска пресуда е утврдено дека имотот на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град, како и низ повеќе од 30 градови низ државата, заедно со Белиот дворец вреден повеќе милиони евра е стекнат незаконски, со пари од граѓаните. Фактот дека низ годините наназад, ВМРО-ДПМНЕ на сметка на граѓаните, а во свое име трупаше имот, недвижности, пари и луксуз, недвосмислено говори дека криминалното владеење на ДПМНЕ беше синоним на едно време, време на режим, диктатура и безредие. Оваa победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи покажува дека постои правда и по правосилноста на пресудата сиот незаконски стекнат имот ќе биде вратен таму од каде што е одземен, а тоа се граѓаните. И затоа апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на неосновани критики, манипулација и бојкоти од страна на ДПМНЕ и да застанеме сите заедно на страната на правдата против оние кои скоро една деценија предводени од осудениот Никола Груески немилосрдно ги трошеа парите на скапи слики, вазни, мермери, скап мебел и што уште не. Начинот на владеење на ДПМНЕ преку популизмот и манипулацијата со народот во стилот: Сиромашен народ, силна држава! Сиромашен народ – послушен народ! Сиромашен народ – богата власт! е минато. ВМРО-ДПМНЕ после ваков докажан криминал и сеуште управувана од осуден криминалец, Никола Груевски преку Христијан Мицкоски, нема веќе ни образ ни легитимитет да зборува за ништо пред народот, а најмалку за економската состојба и животниот стандард на граѓаните. Не е нашата слика жална, господо од ДПМНЕ како што пишувате, жално е вашето незаконско делување, стои во дописот. (Крај)
извор: СДСМ фото: СДСМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |