Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Крлеска ги брани Катица и СДСМ кои за штаб имаат објект кој бил сопственост на Министерството за образование!

Охрид, 12. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ во очај затоа што ја губат централната власт користат очајнички потези со политички октроирани судски пресуди преку партизираното обвинителство и судство, стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното во денешниот допис до медиумите на ОО на СДСМ.

– Додека Крлеска- Деспотоска бега од медиуми и снима видеа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, охриѓани се соочуваат со растечка инфлација и ценовни шокови, плаќаат повисока цена на струја, двојно повисока цена на колектор, поминаа 3.000 дена од започнувањето на автопатот Кичево-Охрид, охридската болница остана без педијатри, затворениот базен никако да се изгради… И самата е свесна дека сите овие работи ја отсликуваат вистинската реалност на граѓаните преку стилот кој е својствен токму за СДСМ: сиромашен народ, потчинета држава, богата власт. Дали е свесна дека зборува за незаконски поднесен предмет од страна на сега осудената со правосилна пресуда за рекет поранешната СЈО Катица Јанева? Треба да се засрами затоа што е пиун на Ковачевски кој наместо да ги штити македонските државни и национални интереси со широка и цинична насмевка ги распродава. Им порачуваме на СДСМ и Крлеска-Деспотоска дека ниту имотот, ниту пак зградата е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот, каузата и идејата. Народот масовно на 18-ти јуни ќе ја навести катастрофата на СДСМ и големата народна казна на предвремените парламентарни избори, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука