COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

69 нови случаи на Covid-19, во Охрид нема новозаболени лица, регистрирано е едно оздравено лице

Скопје, 13. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 10.06. до 12.06.2022 година), направени се 1.640 тестови, при што се регистрирани 69 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 53
• Битола и Тетово по 3
• Дебар 2
• Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово по 1

Од вкупниот број на позитивни (69), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од:

• Скопје 51
• Битола 9
• Тетово 6
• Дебар 4
• Куманово и Прилеп по 2
• Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе, Берово, Кавадарци, Велес, Охрид, Кичево и Струга по 1

Во текот на изминатите 3 дена (од 10-ти до 12-ти јуни 2022 година) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.066.665 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 399. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука