COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

66 нови случаи на Covid-19, пет новозаболени и осум оздравени лица од Охрид

Скопје, 14. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 983 тестови, при што се регистрирани 66 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 50
• Битола и Охрид по 5
• Македонски Брод 2
• Прилеп, Кавадарци, Штип и Струмица по 1

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 115 оздравени пациенти од:

• Скопје 87
• Охрид 8
• Битола 7
• Кавадарци, Тетово, Велес и Гостивар по 2
• Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе по 1

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.067.648 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука