Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Омилени 3 песни Охрид ТОП ВЕСТИ

Александар Петрески во „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress

Охрид, 15. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски музичар кој живее и работи во Германија Александар Петрески е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Музичкиот избор на Петрески во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Is This Love на Whitesnake, The Spirit Carries On на Dream Theater и The Secret Garden на Quincy Jones.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Петрески падна на „Добро утро таго“ на охриѓаните Камелеон. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука