Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонските ракометни тренери викендов по лиценци во Охрид

Охрид, 16. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Претстојниов викенд, на 18-ти и 19-ти јуни во салата „Билјанини извори“ во Охрид, во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи семинар на ракометни тренери.

Во Охрид би требало да бидат присутни околу 200 тренери. Овој семинар има задолжителен карактер и сите тренери што ќе водат екипи што се дел од натпреварувањата на РФМ мора да ја поседуваат.

Воведен збор ќе има професорот Гино Стрезовски, предавачи ќе бидат Славе Николоски, Владо Шола, како и Александар Јовиќ и Никола Матлиески, кои имаат Мастер Коуч лиценца.

Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука