Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Жарко Јакимоски од The Backdoor Band ќе настапи на „Балкан Гала 2022“ во Битола

Охрид, 16. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Жарко Јакимоски, вокалистот и басист на групата The Backdoor Band, ќе настапи на „Балкан Гала 2022“, уникатен дводневен фестивал, единствен на овие простори.

– Две концертни гала вечери со многу гости артисти, придружувани од Камерниот Оркестар на Битола составен од над 40 музичари. Уникатна можност да ги слушнете вашите омилени песни и вашите омилени артисти во сосема нови симфониски аранжмани. Најпопуларните проекти на Камерниот Оркестар на Битола во комбинација со најдобрите домашни и најпознати изведувачи од Балканот, порачуваат организаторите.

Покрај Јакимоски, на првиот ден од фестивалот ќе настапат и Ристо Вртев од Архангел, Гиле од Електрични оргазам, Петар Младеновски – Суперхикс, Ружица од Ареа и др.

„Балкан Гала 2022“ ќе се одржи на 6-ти и 7-ми јуни 2022 година, на Ракометното игралиште во Битола, со почеток во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука