Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со првиот човек на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа

Охрид, 17. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков денеска оствари средба со неговиот колега, градоначалникот на општината Ракалмунто, на Сицилија, Италија Винченцо Маниглиа.

– На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно-историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно провмовирање, информираат од локалната самоуправа.

Соговорниците разговарале и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за Еразмус+ програмата и за размена на искуства. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука