Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во април во Охрид издадени 3 одобренија за градба

Охрид, 17. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во април годинава во Охрид биле издадени 3 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив во два случаи инвеститор е физичко лице, а во еден правен субјект. Предвидена е градба на 88 станови, со вкупна корисна површина од 5.554 м². Во анализираниот период во општините Дебрца и Струга има издаденопоедно одобрение за градење.

На ниво на Македонија во април 2022 година издадени се 337 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 се наменети за објекти од високоградба, 37 за објекти од нискоградба и 101 за објекти за реконструкција. Од вкупно 337 објекти, на 199 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 752 станови, со вкупна корисна површина од 61.866 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука