ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ На кафе со... Охрид ТОП ВЕСТИ

Faye Phillips по 30 години повторно во Охрид: Толку e убаво, апсолутно зачудувачки, „маратонците“ некогаш беа одлични, прекрасни (Видео)

Охрид, 17. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Faye Phillips е англичанка, која по 31 година повторно престојува во Охрид.

Таа го привлече вниманието откако на социјалните мрежи побара помош во потрагата по нејзин стар пријател, што тогаш го запознала. Навраќајки се на првиот престој во Охрид, се потсети на случувањата тогаш, како изгледал градот и што неа и на нејзината другарка им било најинтересно.

Во интервју за Супер радио и OhridPress вели воодушевена е од сместувањето и погледот на градот што го имала и во кој уживала деновиве. Градот е поубав отколку што го паметам, се присети Faye.

OhridPress: Каков беше Охрид пред 30 години?

Faye Phillips: Па, беше толку убаво, апсолутно зачудувачки, но не толку туристички како сега. Бевме млади, јас и мојата пријателка имавме 20-21 година и едноставно се забавувавме, беше многу убаво, затоа се вратив. Бев овде со пријателка, работевме за компанија наречена „Југо Турс“ и бевме забавувачи за луѓето таму.

OhridPress: Како се запозна со твојот пријател?

Faye Phillips: Имавме многу пријатели. Jас и Рејчел, со која работев овде, двете сме од Англија и работевме во хотел „Горица“, и доаѓавме во градот секоја вечер. Ќе земевме превоз и секогаш добивавме бесплатно возење без проблем и само запознавме многу момчиња главно затоа што бевме млади, знаете, но си поминавме одлично.

Нема достапен опис

OhridPress: Кажи ми нешто за популарните „маратонци“ во Охрид?

Faye Phillips: О, тие беа одлични, прекрасни, всушност имаме двајца пријатели, Пол и Алекс, кои ги сретнав откако сум овде последните 6 дена, ми изгледаше како вчера, но тие беа како браќа. Имаме многу фотографии од тогаш и често се прашувавме затоа што јас и Рејчел сé уште бевме многу добри пријатели, всушност таа живее во Шпанија, јас живеам во Англија и се’ уште се среќаваме и секогаш се прашувавме што се случи со Пол и Алекс. Ги најдов на Facebook.

OhridPress: Каде живеете во Англија?

Faye Phillips: Моментално живеам во Есекс во јужниот крај, неодамна се преселив таму.

OhridPress: Како го гледате Охрид денес?

Faye Phillips: Сосема е прекрасно, има многу повеќе барови и ресторани. Единственото нешто што би го кажала и што мислам дека е малку срамота се графитите што ги има во одредени области, очигледно, пред 31 година, што ги немало. Сé е различно, немавме е-пошта, немавме Facebook. Па, така еве, се вратиме, едноставно се чувствуваме сосема поинаку, но сепак е добро. Мислам дека е подобро за мене затоа што ја ценам природата, ги ценам градбите. Тогаш бевме само две млади девојки кои се забавуваа. Знаевме дека е убаво, но само бевме тука и работевме и запознаваме луѓе.

OhridPress: Ќе дојдеш ли повторно овде и што успеавте да посетите за време на престојот?

Faye Phillips: Да, дефинитивно, се надевам со Рејчел. Бев во Свети Наум на патување со брод што беше прекрасно, но не бев во манастирот. Вчера отидов во Струга, која беше прекрасна и генерално сум пресреќна во Охрид, не чувствувам дека навистина треба да одам предалеку, само пешачев и фотографирав. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука