
72 нови случаи на Covid-19, седум новозаболени лица од Охрид
Скопје, 17. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 772 тестови, при што се регистрирани 72 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 40
• Охрид 7
• Тетово 6
• Куманово 4
• Кавадарци, Струмица и Кичево по 3
• Битола 2
• Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани по 1
Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од:
• Скопје 25
• Тетово и Кочани по 2
• Куманово, Кавадарци, Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница по 1
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови. Лицата се починати во период од 05.06. до 09.06.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |