Здравје Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Денеска теристичка дезинсекција против комарци во општина Дебрца, да се превземат мерки за заштита на пчелите

Белчишта, 20. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на Центарот за јавно здравје од Охрид, денеска ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците на подрачјето на општина Дебрца.

– Се известуваат жителите на општината дека запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите, информираат организаторите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања телефон за контакт во Центар за јавно здравје во Охрид е 046/231-030. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука