Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОСУ „Св. Климент Охридски“ распиша Интерен оглас за запишување ученици во I година во учебната 2022/2023 година

Охрид, 20. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2022/2023 година од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици во Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ Охрид распиша Интерен оглас за запишување ученици во I година во учебната 2022/2023 година.

Во I година во второто пријавување во ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе се запишат 165 ученици со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за

– гимназиско образование – 165 ученици, 60 миниумум поени

јазично-уметничко подрачје (комбинација А)
јазично-уметничко подрачје (комбинација Б)
општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)
општествено-хуманистичко подрачје (комбинација Б)
природно-математичко подрачје (комбинација A)
природно-математичко подрачје (комбинација Б)

Условите и останатите детали од огласот ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука