
81 нови случаи на Covid-19, едно новозаболено и едно оздравено лице од Охрид
Скопје, 20. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 17.06. до 19.06.2022 година), направени се 1.972 тестови, при што се регистрирани 81 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 53
• Битола и Прилеп по 5
• Велес 3
• Куманово, Тетово и Струга по 2
• Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево по 1
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од:
• Скопје 90
• Битола 7
• Прилеп и Кавадарци по 3
• Куманово, Тетово, Струга, Штип, Струмица, Неготино и Дебар по 2
• Велес, Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани, Гевгелија и Свети Николе по 1
Во текот на изминатите 3 дена (од 17-ти до 19-ти јуни 2022 година) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |