Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Пијанистот Александр Јаковлев вечерва настапува во Охрид, во чест на Денот на Охридското Езеро

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на општина Охрид, а во рамки на програмата за одбележување на 21-ви јуни, Денот на Охридското Езеро, вечерва во црквата „Св. Софија“, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи солистички концерт на познатиот пијанист Александр Јаковлев.

Александар Јаковлев дипломирал на Државниот конзерваториум во Ростов, каде што завршил и постдипломски стидуи. Во 2006 година победник е на натпреварот Шопен во Рим. Тој редовно учествува на музички фестивали како што се „Големите мајстори на Сарагоса“ во Шпанија, фестивалот на пијанистот Артуро Бенедети Микеланџели во Италија, „Мај фест“ во Шкотска и „Лицата на современиот пијанизам“ во Санкт Петербург.

Јаковлев има настапувано во повеќе земји ширум светот. Тој е добитник на 30-тина први награди и повеќе од 50 награди на меѓународни натпревари по пијано. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука