Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Владан Кастратовиќ е нов играч на ГРК „Охрид“

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Црногорскиот ракометар Владан Кастратовиќ е нов играч на ГРК „Охрид“.

Тој ќе игра на позиција среден бек и потпиша за нашиот тим на период од две години. Кастратовиќ доаѓа по одличната сезона во РК „Струга“, а пред тоа беше дел и од тимот на „Комови“ од Црна Гора со кој го има најголемиот успех освојувајќи го националниот куп во 2019-та година.

– Драго ми е што наредната сезона ќе бидам дел од овој клуб, кој клуб е спремен со многу работа да направи големи успеси. Се надевам дека целта ќе ја оствариме со излез во Европа. Ви благодарам на довербата и верувам дека заедно со сите играчи и управата ќе славиме многу победи, изјави Кастратовиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука