Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Над 500 учесници на третиот „Магаро планински фестивал“ (Фото)

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Успешно реализиран третиот „Магаро планински фестивал“.

Над 500 учесници, меѓу нив екологисти, кампери и љубители на природата, беа дел од планинарската тура до врвот Магаро (2.255 м.н.в.). Како што и беше најавено, се направи уникатен спој на искачување, логорување, плажа и велосипедизам.

– Овој планински фестивал од година во година е сé поброен и се комбинираат различни активности. Имаше учесници од цела Македонија и од соседството. Охрид е единствена дестинација каде во еден ден може да се направи спој на планина, плажа и велосипедизам и тоа уште еднаш го потврдивме. Благодарност за поддршката до општина Охрид и НП Галичица, вели Жанко Зш Голабоски, член на клубот.

Нема достапен опис

Можно е да е слика од 3 луѓе и надвор

Можно е да е слика од природа и небо

Нема достапен опис

Нема достапен опис

– Благодарност до сите учесници, имаше голема дисциплина и одлично дружење. За следната година планираме уште повеќе активности и многу изненадувања за оние што ќе учествуваат на вакво незаборавно доживување, рече Мишко Танески, претседател на „Mountain Madness“.

Можно е да е слика од 4 луѓе и природа

Нема достапен опис

Организаторите, авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“, се задоволни дека сé помина во најдовар ред, а за тоа потврда добиле и од учесниците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Жанко Голабоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука