Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Историскиот архив побогат со дел од богатото творештво на проф. д-р Павле Митревски

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Историскиот архив во Охрид побогат за уште три архивски кутии од богатото творештво на познатиот охридски историчар проф. д-р Павле Митревски.

Ова е само продолжување на преземањето на богатата документација и творештво на професорот. Минатата година беа преземени 20 кутии од неговата богата архива.

May be an image of 2 people, people sitting and indoor

– Се радуваме кога ги добиваме и преземаме овие документи, бидејќи кај нас остануваат за навек, напиша на Фејсбук директорот на архивот, Никола Митровиќ.

Една од основните дејности на архивот е да пронаоѓа значајни документи кои ќе сведочат за она што се случувало низ историјата. Досега се преземени доста фондови, лични и семејни, во кои се укажува не само дејноста на личноста или семејството туку преку нив може да се согледа начинот на живот во Охрид.

– Важно е да се разбере дека не секогаш од луѓе кои заминале од овој свет преземаме документација, напротив се презема од сите оние личности кои имаат значење, а поради околности не можат да ги чуваат, потенцира во интервју за Супер радио и OhridPress директорот Митровиќ.

Тој апелира до секој кој има значајна документација, да ја достави до архивот, каде ќе биде чувана во соодветни услови и ќе биде преземена согласно прописите и законските акти за примопредавање документација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Никола Митровиќ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука