Избор Општина Дебрца Спорт ТОП ВЕСТИ

Вечерва почнува турнирот во мал фудбал „Петровден 2022“ во Мешеишта, учествуваат 30 екипи

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 30 екипи, поделени во 8 групи ќе учествуваат на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“, што годинава по 47-ми пат ќе се одржи во селото Мешеишта.

Турнирот започнува вечерва од 20:30 часот со натпреварот меѓу екипите на пекара Лихнида и Бате Жиле. Од 21:30 часот е средбата меѓу Бакугани и диско Инклузив, а од 22:30 часот ќе се сретнат Боеми Исток Велмеј и Даре Пром.

Наградниот фонд на овогодинешниот турнир е 125.000 денари, за прво место 70.000 денари, второ место 35.000 денари, трето место 15.000 денари, четврто место 5.000 денари. Ќе се доделуваат пехари и медали за првите три позиции, а ќе има награди и за најдобар играч, голман и стрелец на турнирот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука