Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

И ова лето најмладите ќе навлегуваат во тајните на пливањето со „Летната пливачка школа 2022“ на „Акваспирит“

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид информираат дека и оваа година најмладите охриѓанчиња ќе имаат можност да навлезат во тајните на пливањето во рамките на Летната пливачка школа.

Истата започнува со работа во понедленик, на 4-ти јули 2022 година на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во Охрид.

– Термините ќе бидат дополнително дефинирани во зависност од бројот на пријавени деца, а уписот на децата може да се комплетира на следниов линк. Цената за цело лето, до крај на август изнесува 2.500 денари, а следуваат и многу натпревари и изненадувања. Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобриот пливачки колектив во градот, информираат од „Акваспринт“.

За дополнителни информации сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефоните 077/703-686 (Славчо) и 078/355-291 (Миле). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука