Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските сообраќајници ќе добијат нова хоризонтална сигнализација

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид, како дел од предвидените програмски планови за одржување на сообраќајната сигнализација, во текот на наредните денови ќе реализира активности за хоризонтално обележување на улиците на територија на општината.

– Активностите ќе се одвиваат во вечерните часови кога на сообракајниците гравитира значително намален број на возила. Учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација која ќе биде поставена во текот на теренските активности и да ја прилагодат брзината на движење, апелираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука