Избор Локална самоуправа

Се свикува Собир на граѓани во Урбана Заедница-6 „Даме Груев“

Охрид, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува Собир на граѓани во Урбана Заедница-6 „Даме Груев“.

Собирот ќе се одржи во среда, на 22-ри јуни 2022 година, со почеток во 19:00 часот во Големата сала на Општина Охрид.

Урбаната Заедница-6 „Даме Груев“ го опфаќа средишниот дел од градската територија и се граничи со: од исток улица „Јане Сандански“, од запад улица „7-ми Ноември“, од север „1 Градски Ринг“ и од југ булевар „Туристичка“.

Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните улици: булевар „Туристчка“ – десна страна од бр.18 (семафори кај „Мини Маркет“) до семафори кај „Охридска банка“, пресек со улица „7-ми Ноември“ (зграда „Кифла“), улица „7-ми Ноември“ – десна страна од пресек со булевар „Туристичка“ (зграда „Кифла“) до бр. 196 десна, страна пресек со нова улица „Прв градски ринг“ , улица „Марко Нестороски“ – од почеток до пресек со ново проектирана улица „Прв градски ринг“ број 31 лева страна и број 68 десна страна, „Јане Сандански“ – лева страна од бр. 49 („Мини Маркет“) до бр. 187 – пресек со нова улица „Прв градски ринг“, улица „Даме Груев“ – од пресек со булевар „Туристичка“ бр. 114 до бр. 236 и бр. 89 до бр. 267 (пресек со нова улица „Прв градски ринг“), улица „Караорман“ – од пресек со булевар „Туристичка“ бр. 3 до крај и 2 до крај, улица „Богомилска“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука