
91 нови случаи на Covid-19, четири новозаболени лица од Охрид
Скопје, 21. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 1.067 тестови, при што се регистрирани 91 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 65
• Куманово 8
• Битола 6
• Охрид 4
• Прилеп и Кавадарци по 2
• Тетово, Велес, Гостивар и Штип по 1
Од вкупниот број на позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции.
Регистрирани сe 67 оздравени пациенти од:
• Скопје 54
• Битола 8
• Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово по 1
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |