Викендов ќе се одржи меѓународниот таеквондо натпревар „Охрид Опен 2022” во организација на „ХВА РАНГ ИТФ“
Охрид, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – В сабота, 25-ти јуни ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2022“, во организација на клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец.
На натпреварот учество имаат пријавено клубови од 8 земји и тоа Словенија, Хрватска,БиХ, Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.
Сите наши подржувачи ќе имаат можност да ги гледаат во живо европските вицешампиони Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив, вели Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан, претседател на ИТФ Македонија, како и прв човек и тренер на клубот „ХВА РАНГ ИТФ“.
– Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на ИТФ, електронско судење, со можност за видео протест, пренос во живо на YouTube, задолжен за судискиот систем е Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација. Благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН Метал”, како и до општина Охрид кои ни помагаат сé што е во рамките на нивните можности, истакна Лазаревски.
Натпреварот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори“, а за сите љубители, влезот ќе биде бесплатен за да имаат можност да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |